Ињаки Вилијамс потпиша деветгодишен договор со Атлетик Билбао

Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс, парафира нов деветгодишен договор со шпанскиот клуб. Тој се согласи за соработка со баскискиот клуб до 2028 година, а во договорот има отштетна клаузула од 135 милиони евра, доколку некој сака предвреме да го откупи.

Ова е вториот најдолг договор во шпанскиот фудбал по Бразилецот Денилсон, кој во 1998 година потпиша на десет сезони со Бетис.

„Се надевам дека ќе дојдат големи нешта со Атлетик Билбао. Ова е мојот дом и се што сакам. Клубот отсекогаш верувал во мене и тука се чувствувам прекрасно“, изјави Ињаки Вилијамс.

Тој дебитираше за Атлетик Билбао во 2014 година, а ова лето беше поврзуван со можен трансфер во Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...