Индијана без решение за Дончиќ, еден Батлер недоволен за победа на Мајами

Лука Дончиќ и неговиот Далас стигнаа до 29 победа во НБА лигата откако на домашен терен славеа со убедливи 132-105 над Индијана. Словенецот го предводеше својот тим со 30 поени, 12 асистенции и 6 скока, додека најрасположен кај гостите беше Вашингтон со 22 поени.

Трипл-даблот на Џими Батлер проследен со 37 поени, 14 скока и 10 асистенции не му беше доволен на Мајами да слави по продолжение против Торонто (120-124). Трент беше лидер на гостите со 33 поени и 5 скока, додека Барнес додаде 22 поени и 9 скока.

Во останатите натпревари Бостон славеше со 97-107 против Њу Орлеанс, Филаделфија го одбрани домашниот терен од Сакраменто со 103-101, Мемфис славеше со 115-95 над Вашингтон, додека Голден Стејт беше подобар од Бруклин со 110-106.

Се вчитува...