Индијана го сака, Феникс не го дава Ејтон

Финалистот од 2021 година во НБА лигата, Феникс Санс нема да го даде својот центар, Деандре Ејтон. Првиот пик од НБА драфтот во 2018 година доби понуда од Индијана Пејсерс вредна 133 милиони долари на четири години.

„Франшизата“ од Аризона имаше рок до сабота да ја израмни оваа понуда и да го задржи „Ол-стар“ центарот во својот тим. Феникс тоа и го направи па Ејтон ќе остане и во следните четири години во Феникс за рекордна сума од 133 милиони долари.

Минатата сезона Ејтон просечно бележеше по 17,2 поени и 10,2 скока по натпревар со 63,4 отсто шут од игра и 74,6 од слободно фрлања.

Се вчитува...