Инфантино и Бобан едногласни: ВАР беше полн погодок на СП 2018

Првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино, и неговата „десна рака“ во ФИФА, Звонимир Бобан, ја изразија гордоста што идејата за промоција на ВАР на еден фудбалски Мундијал се покажа како голем успех. Иако во текот на СП 2018 имаше бројни критики, меѓу другото и поради пеналот за Франција во големото финале против Хрватска, сепак Инфантино и Бобан се на став дека видео-технологијата била од огромна помош за зголемување на регуларноста на мундијалските средби.

„Сакавме да го имаме најдоброто Светско првенство во историјата и го добивме. Клучната улога ја имаа судиите, оние на теренот и оние пред ТВ-мониторите, кои одлично си ја завршија работата“ – изјави Џани Инфантино.

„ВАР не го промени фудбалот, само го прочистува. Од самиот старт на овој проект направен е огромен чекор напред, јас сум горд на тоа. Работата со Пјерлуиџи Колина и со Масимо Бусака даде резултат“ – додаде Бобан.

Се вчитува...