Инфантино: Ова беше најдобриот Мундијал на сите времиња

Светскиот шампионат мина беспрекорно, без ниту еден единствен инцидент во изминатите триесетина дена, па првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино со задоволство му честиташе на домаќинот за беспрекорно организираниот спектакл.

Неколку години наназад верував во ова, сега можам да кажам со стопроцентна сигурност – ова беше најдобриот Мундијал на сите времиња. Го оставивме фудбалот да зборува, сите да уживаат во мајсториите на играчите, да се говори само за нив и за ништо друго. Благодарност до рускиот народ, до претседателот Путин, до сите кои направија овој шампионат да мине беспрекорно“ – изјави Инфантино.

Тој посочи дека големиот спортски настан во голема мера помогнал и за промоција на Русија како пријателска држава.

„Русија стана фудбалска земја, не само поради квалитетот на репрезентацијата, туку поради спортскта култура што ја покажа, извонредната инфраструктура, беспрекорната атмосфера. Овој Мундијал ја промени перцепцијата на светот за Русија, милиони луѓе допатуваа и се уверија дека ова е срдечна земја во која можат убаво да си поминат“ – истакна првиот човек на ФИФА.

Се вчитува...