Инфантино: Цел свет виде дека Панама не даде гол…Наскоро ФИФА ќе одлучи

Панама се пласираше на Светското првенство со триумфот од 2-1 над Костарика, но тоа го стори со непостоечки гол, кој неверојатно беше признат од главниот судија на натпреварот. Сепак, целиот случај сега е во рацете на ФИФА, која наскоро треба да ја донесе конечната одлука, дали мечот ќе се преигра или пак резултатот од овој натпревар ќе биде потврден.

Претседателот на Светската фудбалска организација, Џани Инфантино, вели дека цел свет виде како Панама не постигна гол, а судијата го призна.

„Целиот свет виде дека Панама не успеа да постигне погодок, но тоа немаше можност да го види судијата. Тој не може да види видео-снимка во истиот момент. Сепак, ФИФА наскоро ќе ја донесе конечната одлука“, изјави првиот човек на светскиот фудбал.

ФИФА направи преседан кога одлучи да се преигра натпреварот меѓу Јужна Африка и Сенегал во квалификациите за СП, откако утврди дека бил досуден непостоечки пенал, а доживотно го суспендира главниот судија Џозеф Лемпти. Овој меч ќе се преигра на 12 ноември.

Се вчитува...