Жестокиот удар на Крис Смолинг во лицето на Лео Меси во првото полувреме од четвртфиналниот натпревар во Лигата на шампионите не предизвика скрешница на носот како што првично се стравуваше, но затоа направи инфекција на окото која би можела да го оддалечи Аргентинецот извесен период од терените.
Првично, лекарскиот тим на Барселона објави дека се работи за сериозна повреда на окото и хематом, но дека ќе трба да бидат направени дополбнители прегледи. Шпанските медиуми тврдат дека на Меси му бил отежнато дишењето како и дека раната на окото му е инфицирана. Тој не го напушти натпреварот. Се претпоставува дека би можел да го пропушти натпреварот против Хуеска в сабота, а можеби и возвратниот натпревар против Јунајтед следниот вторник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА