Иниеста го избра новиот клуб – не оди кај Меси во Интер Мајами

Дејвид Бекам не успеа да го донесе и чевртиот екс-фудбалер на Барселона во својот клуб Интер Мајами. Откако на потписите на Меси се надоврзаа и Бускетс и Алба се најавуваше дека „четвртиот мускетар“ ќе биде Андрес Иниеста, извонредниот играч за врска кој во меѓувреме го раскина договорот со Висел Кобе.

Иниеста во изминатиот период преговараше со Бекам, но на крајот донесе одлука сепак да не се пресели во американската МЛС-лига и да се придружи на „старата дружина од Барса.

Наместо тоа, шпанскиот ветеран се реши за преселба во Обединетите Арапски Емирати, потпишувајќи со Емирејтс клуб ФЦ. Иниеста вечерва ќе пристигне во Дубаи, а за утре е најавена неговата промоција во новиот клуб. Договорот ќе биде со важност на една година, со можност за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона.

Се вчитува...