Иниеста ја советува Барселона – Дали Каталонците ќе ја послушаат легендата?

Легендата на Барселона, Андрес Иниеста вели дека Каталонците мора да го задржат во свите редови Иван Ракитиќ бидејќи Хрватот иако не е во форма како некогаш, се уште е класа за себе.

„Јас да сум во Барселона не би го пуштил Ракитиќ. Тој игра одлично. Величествено е тоа што го прави сиве овие години. Годинава можеби не се истакнува како претходно, но тоа не значи дека не е врвен фудбалер“, изјави Иниеста. 

Инаку Иниеста и Ракитиќ заедно ја освоија тројната круна во 2015 година, последен пат кога Барселона се радуваше и во Лигата на шампионите.

Се вчитува...