Иниеста: Не е збогување од соништата, но и тоа е фудбал

Андрес Иниеста неочекувано не беше стартер против Русија, влезе во игра во вториот дел, погоди во пенал-рулетот, но и тоа беше недоволно за Шпанија да се најде меѓу осумте најдобри селекции во светот. За Иниеста овој меч беше посебно емотивен, бидејќи за него значеше крај на репрезентативната кариера во која големиот ас одигра 133 натпревари за „црвената фурија“, најзначајниот гол постигнувајќи го во финалето од СП 2010.

„Ова беше мој последен натпревар, крај на една прекрасна епоха. Дефиниитивно не е збогување од соништата, но и тоа е фудбал“ – истакна Иниеста.

Тој нaкратко се осврна и на поразот од селекцијата на Русија.

„Ни беше тешко, не успеавме да го направиме оној чекор напред во клучните моменти, да создадеме шанса и да ја реализираме. Ова е тежок момент за сите во репрезентацијата, бидејќи знаеме дека не ги оправдавме очекувањата“ – искрен и реален е Андрес Иниеста.

Се вчитува...