Инсиње доби понуда што не се одбива – соиграчот на Елмас заминува од Европа

Лоренцо Инсиње ќе стави крај на дилемите околу својата иднина потпишувајќи договор со Торонто. Капитенот на Наполи долго време преговараше за нов договор со овој клуб, но остана разочаран откако претседателот Де Лаурентис инсистираше на намалување на платата што Инсиње моментно ја заработува во клубот.

Како опции се споменуваа и Тотенхем и Интер, но на крајот искусниот голгетер се реши за далечна дестинација, откако од Канада доби понуда што не се одбива. Имено, Торонто му понудил на Инсиње неверојатна плата од 9,5 милиони евра по сезона, и тоа за петгодишна соработка (понудите на останатите заинтересирани клубови беа за максимум три сезони).

Голгетерот не размислувал премногу, па веќе ги прифатил понудените услови. Се очекува транферот да биде официјално потврден на самиот почеток од јануари, кога ќе биде потпишан и преддоговор, а Инсиње ќе се пресели во Торонто од 1 јули, како слободен играч по истекот на договорот со Наполи.

Се вчитува...