Инсиње и Верди донесоа триумф за Наполи против Торино

Наполи стигна до четвртата победа оваа сезона во Серија А, славејќи на гости против Торино со 1-3. Лоренцо Инсиње го отвори резултатот во корист на „наполитанците“ уште во четвртата минута, а Симоне Верди зголеми на 0-2 во 20.минута.

Андреа Белоти од пенал намали во 51.минута, но осум минути подоцна Инсиње со својот втор погодок ги разреши дилемите на овој дуел.

Се вчитува...