Инсиње – шоу во Кротоне

Лоренцо Инсиње беше во главна улога при триумфот од 0-4 што Наполи го извојува на гостувањето против Кротоне, меч на кој во финишот во игра влезе и Елиф Елмас.

Петања промаши две шанси за Наполи во првите триесетина минути пред Инсиње да ги земе работите во свои раце и со прекрасен гол од работ на шеснаесетникот да го матира домашниот голман. Победникот беше решен на почетокот од второто полувреме, кога Петричоне доби директен црвен картон за еден брутален старт врз Дем.

„Наполитанците“ знаеја како да ја искористат предноста од играч повеќе, а при вториот гол повторно во акцијата учестуваше Инсиње, со извонредна асистенција до Лозано. На 0-3 зголеми Дем со шут од работ на шеснаестникот, а печат на победата стави Петања во 91. минута на асистенција на Дрис Мертенс.

Елиф Елмас влезе во игра во 78. минута од натпреварот токму на местото на Инсиње.

Се вчитува...