Инсиње удри по Елмас и соиграчите – Ова е сра*е од тим (ВИДЕО)

Наполи вчера ремизираше 3-3 на гостувањето кај Сасуоло. На одличниот натпревар беа постигнати шест голови, а гостите останаа без триумф во петтата минута од продолжението, кога домашниот тим успеа преку Капуто да дојде до третиот гол.

По натпреварот, очигледен беше бесот на Лоренцо Инсиње. Напаѓачот на Наполи постигна гол од пенал за 2-3 во 90. минута, па се чинеше дека неговиот тим ќе дојде до триумф, но на крајот беше освоен само еден бод. Инсиње имаше многу забелешки за играта на тимот, а тоа беше јасно видливо кога отиде во соблекувалната, па се слушна како вели дека ‘ова е сра*е од тим’.

Ниту тренерот Џенаро Гатузо не мируваше, па својот бес го истури преку својата јакна која ја фрли на теренот.

Се вчитува...