Инсиње во „аут“ за Наполи – позитивен на коронавирус

Наполи ќе биде ослабен на претстојниот меч со Специја закажан за утре откако капитенот Лоренцо Инсиње отпадна од комбинација поради коронавирус. „Наполитанците“ утрово објавија дека Инсиње воопшто не тренирал со остатокот од тимот, за попладнево да биде обелоденето дека италијанскиот репрезентативец бил позитивен на последното тестирање на коронавирус.

Голгетерот нема симптоми на болеста, но се наоѓа во самоизолација и дефинитивно нема да му биде на располагање на тренерот Спалети за последниот овогодишен натпревар.

Се очекува Инсиње да биде „фит“ за големото дерби на почетокот на наредната година, во кое Наполи на 6 јануари ќе му гостува на Јувентус.

Се вчитува...