Интер донесе одлука – Постојат само две опции за иднината на Конте!

Антонио Конте е сè уште прва тема во Италија по елиминацијата на Интер од Европа. Клубот јавно застана зад него со порака дека не размислува за промени, додека јавноста верува дека има длабоко незадоволство и во клубот и од самиот тренер и дека тие се на различни страни.

Дали сте на иста страна со клубот? “, беше прашан Конте пред неколку дена.
„Се надевам“, одговори тој, по што се разгоре полемиката за конфликтите годинава, кога на лето Конте заради несогласувања со челниците беше пред излезна врата.

Медиумите од Италија веќе излегоа со анализа, а тие ги и предложија опциите за иднината на Интер.

Доколку нема катастрофална серија резултати, Конте ќе остане на клупата до крајот на сезоната, поточно доколку има шанса за титулата. Ако Интер започне да губи во серија, без оглед на парите што ќе треба да му ги исплатат, клубот ќе го замени Конте и потоа најверојатно ќе се обиде да постигне договор со Алегри.

Следна опција е ако ја освои титулата?

Во тој случај, Антонио би можел да остане, но да не го продолжи договорот до 2022 година, бидејќи кога се разботи со Конте соработката не зависи само од успех на теренот, туку и од односот со луѓето во клубот. Сепак, најверојатното решение е да биде завршена сезоната, а потоа Интер да бара нов тренер.

Се вчитува...