Интер го продолжува стотпроцентниот ефект од стартот на сезоната откако „нероаѕурите“ по првите четири кола собраа максимални 12 бода. Тимот на Лучијано Спалети попладнево му гостуваше на Кротоне, многу потешко од очекувањата оправдувајќи ја фаворитската улога со триумф од 0-2.
Најзаслужен за трите бода е голманот Хандановиќ, кој одбрани неколку опасни удари на домаќините при резултат 0-0. Потоа, голот за победа на десетина минути до крајот го постигна словечкиот дефанзивец Шкрињар, за кого ова беше прв погодок во дресот на „нероаѕурите“ по летниот трансфер од Сампдорија. Конечните 0-2 во финишот ги постави Иван Перишиќ.
Milan Skriniar Goal HD – Crotone 0-1 Inter 16… by gooooooooooal
— by Foot_Videos
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА