Интер е подготвен да го продаде Лаутаро Мартинез, но само за 80 милиони евра

Интер е подготвен од лето да остане без Лаутаро Мартинез. Kлубот од „Џузепе Меаца“ ќе ги разгледа понудите од заинтересираните клубови, но само доколку се поголеми од 80 милиони евра.

Челси и Арсенал од Премиер–лигата се заинтересирани за него, но и актуелниот шпански првак Атлетико Мадрид. Во минатото интерес покажуваше и Барселона.

Лаутаро Мартинез има актуелен договор со Интер до 2026 година. Оваа сезона во дресот на „нероаѕурите“ постигна 16 гола и имаше три асистенции на 40 натпревари.

Се вчитува...