Интер е првиот тим кој двапати го победил Јувентус на стадионот „Алијанц“

Интер стана првиот клуб кој успеал двапати да го победи Јувентус на неговиот стадион „Алијанц“, кој беше пуштен во употреба од 2011 година.

Избраниците на Симоне Инзаги забележаа победа од 0-1, во вчерашното дерби од 31. коло во Серија „А“.

Пред оваа победа, Нероазурите во 2012 година го совладаа Јувентус на истиот стадион со 3-1, благодарение на двата гола на Милито, и еден на Паласио.

По една победа над Јувентус во Серија „А“ на „Алијанц“ имаат Аталанта, Сасуоло, Милан, Емполи, Беневенто, Фиорентина, Рома, Наполи, Лацио, Удинезе и Сампдорија.

Се вчитува...