Конте го „бетонира“ на клупа, Коларов си бара нов клуб

Капитенот на српската фудбалска репрезентација, Александар Коларов  најверојатно неславно ќе ја заврши „мисијата“ во милански Интер, каде пристигна ова лето како големо засилување. По три години во Рома, искусниот дефанзивец пристигна на „Џузепе Меаца“ на барање на Антонио Конте, но Александар не влезе во посакуваната форма и не играше во последните месеци.

Србинот потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на истиот, но само ако одигра одреден број на натпревари и покаже добра игра. Конте експериментираше со прекоманда на левиот бек во централен дефанзивец, ветеранот не се снајде најдобро, поради што сега веќе воопшто не влегува во плановите на својот тренер.

Минималниот број на натпревари од клаузулата не е познат, но Србинот во моментов има одиграно само шест натпревари, што е под било кое ниво за играч од негова класа. Ова е јасна порака до Коларов, дека не треба да чека завршување на договорот и може веднаш да почне со барање на нов клуб во кој ќе ја продолжи својата кариера.

Се вчитува...