Интер го „краде“ Мертенс од Наполи

Еден од најдобрите фудбалери на Наполи ќе го напушти клубот и ќе премине во големиот ривал Интер, пренесуваат италијанските медиуми.

Документите на 33-годишниот напаѓач веќе се испратени во Милано и само се очекува реализација на трансферот. Договорот на Мертенс со Наполи истекува летово, што значи дека тој без обештетување ќе може да се пресели на „Џузепе Меаца“.

Покрај Интер за услугите на одличниот Белгиец беше заинтересиран и англискиот Челси, кој сезонава има проблеми во нападот.

Се вчитува...