Интер го краде најсилното оружје на Јуве

Тектонско поместување во Серија А. Досегашниот директор на италијанскиот првак Јувентус, Џузепе Марота, кој дефинитивно го напушта Торино, би можел да се пресели во редовите на Интер. За многумина во италијанскиот фудбал, токму Марота е творецот на новиот Јувентус, кој успеа да се врати на врвот по неколку години талкање поради Калчополи. Сепак, несогласувањата почнале со трансферот на Кристијано Роналдо.

Сепак, Ањели најави дека е време за следниот чекор, а Марота заминува поради правилото „над 45 години“. Во Јувентус, има правило да работат луѓе помлади од 45 години.

„Луѓето се менуваат, доаѓаат нови. Би му се заблагодарил на Марота за се што направи за овопј клуб, но неко други луѓе помлади од 45 години се поподготвени да се изборат со новите, глобални предизвици кои го очекуваат клубот. Мораме да останеме на врвот, а за тоа треба да ја добиеме борбата и со клубови како Реал Мадрид, Барселона, Пари Сен Жермен, Манчестер сити, Баерн Минхен…“, истакна Ањели.

Но, зад аголот чека Интер. Раководството на клубот е подготвено веднаш да го доведе Марота во своите редови. Италијанските медиуми откриваат дека и тој би сакал да продолжи да работи, а трансфер на „Џузепе Меаца“ го гледа и како еден вид одмазда за Јувентус, но и нов голем предизвик.

Се вчитува...