Интер го запоседна врвот во Серија А по триумфот во Верона (ВИДЕО)

Интер го запоседна врвот во Серија А по победата од 1-2 на гостувањето против Верона во 14. коло.

Победата за „нераѕурите“ ја донесе Милан Скринјар во 69. минута.

Verona 1-[2] Inter – Milan Skriniar 69′ from r/soccer

Претходно, Мартинез во 52. минута го доведе Интер до водство од 0-1, но домашните израмнија преку Илиќ во 63. минута.

Интер, по оваа победа сега со 33 бода е на чело на табелата, со два бода повеќе од Милан кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...