Интер има нова „гол-машина“: Кореа двоен стрелец за пресврт победа над Верона (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Италија по две одиграни кола останува со перфектен учинок. По триумфот над Џенова во првото коло, избраниците на Инзаги сега славеа и против Верона со 3-1.

Домаќинот преку Илиќ стигна до водство од 1-0 по само 15. минути игра, а овој резултат се задржа на семафорот и на полувремето. Сепак Интер во второто полувреме заигра далку подобро, а веќе во 47. минута стигна и до изнедначување преку Мартинез.

До крајот на мечот „нероаѕурите“ успеаја да стигнат и до водство преку Кореа во 83. минута со што го комплетираа пресвртот, а новото засилување ги постави и конечните 3-1 во 94. минута.

 

 

Се вчитува...