Интер ја одреди цената за продажба на Лукаку

Фудбалскиот клуб Интер треба да продаде еден или двајца врвни играчи од својот тим ова лето, па затоа му одреди продажна цена на Ромелу Лукаку.

Според „Кориере дело Спорт“, клубот што ќе биде заинтересиран за ангажман на Лукаку, треба да издвои сума од 120 милиони евра. Корпорацијата „Суининг“, која е сопственик на клубот од Милано, не се снаоѓа добро финансиски по економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, поради што бара партнери на кои би им продала одреден пакет акции. Покрај тоа, тој партнер ќе мора да вложи пари во клубот. Додека не се случи тоа, Интер ќе ја подобрува својата финансиска состојба со продажба на некои од своите најскапи играчи.

Засега интерес за Лукаку покажаа Манчестер Сити и Барселона. Бидејќи има уште два месеци до почетокот на преодниот рок, не е исклучено и друг клуб да покаже интерес.

Лукаку пристигна во Интер во 2019 година од Манчестер Јунајтед за 80 милиони евра. Во дресот на „нероаѕурите“, тој одигра 85 натпревари и постигна 59 голови.

Се вчитува...