Интер не го заборава: Кога Пандев, пред девет години, се врати во Милано! (ВИДЕО)

Интер не го заборава Горан Пандев и неговиот учинок во сино-црниот дрес…. Тимот од Милано преку својот официјален Твитер профил се потсети на денешниот ден пред девет години кога Пандев повторно се врати во Интер.

Како што е познато, Пандев откако ги мина младинските школи на Интер, и по неколку позајмици, кариерата ја продолжи во Лацио. А, потоа, на 4. јануари 2010 година на инсистирање на тогашниот тренер на „нераѕурите“, Жозе Мурињо се врати повторно со нов договор за Интер освојувајќи со клубот потоа и тројна круна…

 

Се вчитува...