Интер не запира – против Калјари до 11. победа во низа

Интер го продолжи својот победнички поход кон скудетото со денешниот триумф над Калјари од 1-0, единаесетти триумф во низа за избраниците на Антонио Конте, кој остануваат со удобна предност во однос на ривалите на врвот на табелата.

„Нероаѕурите“ долго се мачеа да го скршат отпорот на гостите, кои добро ги затвораат приодите кон сопствениот гол се до 77. минута. Тогаш Хакими одлично одигра двојно додавање со Лукаку и втрча по десната страна, додаде кон срцето на петерецот, каде левиот бек Дармијан ја смести топката во мрежата.

Калјари се обиде да стори нешто повеќе во завршните десетина минути, но тимот на Конте одолеа на тој притисок и заслужено прокнижи нови бодови.

Интер на осум кола до крајот има единаесет бода предност во однос на второпласираниот Милан.

Се вчитува...