Интер подобар од Фиорентина на „Џузепе Меаца“

Интер стигна до третата победа во Серија А оваа сезона, победувајќи ја Фиорентина на домашен терен со 2-1. По лошиот старт, ова е трет триумф на тимот на Лучијано Спалети во последните четири кола.

„Нероаѕурите“ поведоа со голот на Мауро Икарди од пенал во 45.минута, но Шкрињар на почетокот на вториот дел си постигна автогол. Сепак, Д’Амбросио во 78.минута беше стрелец на победничкиот гол за Интер на овој меч.

Се вчитува...