Интер понуди 12 милиони евра за Артуро Видал

Италијанскиот калчолигаш Интер испрати конкретна понуда на „Камп Ноу“ за ангажман на чилеанскиот интернационалец Артуро Видал. „Нероаѕурите“ се подготвени да платат 12 милиони евра за да го вратат Видал во Серија А по пет години. Трансферот би се реализирал во зимскиот преоден рок.

Тренерот Антонио Конте имаше одлична соработка со Видал во периодот од Јувентус кога заедно освоија три шампионски трофеи и сака да го има повторно во тимот, сега во дресот на Интер. Спортскиот директор Џузепе Марота замина во Барселона на финални преговори, но Видал се премислува со оглед дека Интер доживеа елиминација во групната фаза од Лигата на шампионите.

Се вчитува...