Интер потпиша со соиграч на Горан Пандев

Интер успеа да договори нов трансфер пред крајот на преодниот рок, исполнувајќи му ја желбата на тренерот Симоне Инзаги за ангажман на нов голгетер кој би бил резерва за стандардните Џеко и Лаутаро Мартинез, како дополнителна опција крај Кореа и Алексис Санчез.

„Нероаѕурите“ минатата зима за ваква опција го меркаа Горан Пандев, нашиот ас реши да остане во Џенова, а сега на „Џузепе Меаца“ пристигна соиграч на Горан Пандев од овој клуб. Станува збор за Фелипе Каиседо, еквадорскиот интернационалец кој му е добро познат на Симоне Инзаги по беспрекорната соработка што двајцата ја имаа додека беа дел од Лацио.

Денеска беше официјално потпишан договорот, Каиседо пристигна на позајмица до крајот на сезонава, со можност за целосен откуп на неговиот договор со Џенова во текот на летото.

Се вчитува...