Интер рутински против Верона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер славеа на домашен терен со 2-0 против Верона во натпревар од 32. коло во италијанската Серија А. „Нероаѕурите“ уште во првото полувреме ги разрешија сите дилеми околу победникот.

Барела донесе водство од 1-0 во 22. минута, додека конечните 2-0 ги постави Един Џеко во 30. минута. И двата гола беа асистенции на Иван Перишиќ. Интер во моментов има бод помалку од градскиот ривал Милан кој е лидер, а исто бодови по 66 со Наполи.

 

 

 

Се вчитува...