Интер се ослободи од Наинголан, следен е Ериксен

Интер почна да се ослободува од фудбалерите на кои Конте нема да смета за вториот дел од сезоната, откако „нероаѕурите“ дадоа зелено светло за заминување на Раџа Наинголан. Белгискиот интернационалец ќе се врати назад во Калјари, клубот каде ја мина ланската сезона на позајмица, за во септември да се врати назад во Интер.

Наинголан беше поврзуван со Калјари и пред стартот на новата сезона, но двата клуба не успеаја да најдат заеднички јазик. Сепак, Калјари ги интензивираше преговорите откако Марко Рог заработи тешка повреда на коленото, ги прифати условите што ги бараше Интер и Белгиецот веќе почна да се пакува за враќање на Сардинија.

Следен на листата на оние кои ќе си заминат од Интер е Кристијан Ериксен, плејмејкерот кој се покажа како огромно трансфер-промашување по јануарскиот трансфер од Тотенхем. Маурицио Покетино сака да го донесе Ериксен во ПСЖ, а клубовите ќе почнат директни преговори во следните 48 часа. „Светците“ подготвиле понуда за позајмица, Интер во размена за Ериксен го бара Паредес, па интересно ќе биде да се види дали двата клуба ќе најдат заеднички јазик за данскиот репрезентативец да го облече дресот на францускиот првак.

Се вчитува...