Екипата на Интер со лесен триумф над Венеција од 5-1, стигна до пласман меѓу најдобрите осум тима во Купот на Италија. „Нероазурите“ го решија победникот уште по првиот дел кога поведоа со 3-0, а до крајот рутински ја завршија задачата.
Диуф во 18. минута и Еспозито со прекрасен гол во 20-тата донесоа брзо водство од +2 за домаќините, а до крајот на полувремето стрелаше и Турам.
Во вториот дел Турам зголеми на 4-0, па следуваше почесниот гол за гостите преку Саградо, за да Бони во 75. минута ги постави конечните 5-1.
Интер во 1/4 финалето им се приклучи на Наполи, Аталанта и Јувентус кои претходно изборија пласман во оваа фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

