Интер во нова офанзива по Лука Модриќ

Италијанскиот калчолигаш Интер повторно тргнува во акција за ангажман на хрватскиот интернационалец Лука Модриќ, откриваат медиумите на Апенините. Раководството на Интер сака да ја искористи кризната ситуација во редовите на Реал Мадрид и да го донесе официјално најдобриот светски фудбалер на „Џузепе Меаца“ веќе во јануари. „Нероаѕурите“ се подготвени да платат 40 милиони евра за да го доведат Модриќ во зимскиот преоден рок.

Модриќ на стартот од сезоната не е ниту стартер на сите натпревари на „кралскиот клуб“. Тој само двапати одигра цел натпревар, четири пати влезе од клупата за резерви, а пет пати беше заменет пред последниот судиски свиреж.

 

Се вчитува...