Интересот за големата ѕвезда на англискиот фудбал е се поголем

Фудбалерот на Вест Хем, Деклан Рајс ќе биде еден од најпоскауаните играчи на трансфер маркетот во следните два преодни рока. Англичанецот кој блесна за „чекичарите“ претходната сезона, одигра одлично и за „гордиот албион“ на Европското првенство, а добрата форма ја пренесе и на почетокот на новаата сезона.

За неговиот потпис од поодамна е заинтересиран Челси кој сака да го врати својот младинец на „Стемфорд Бриџ“, но на „сините“ нема да им биде лесно покрај се поголемиот интерес, пред се од богатите Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

„Црвените ѓаволи“ беа заинтересирани за Рајс и ова лето, но не успеаја да соберат доволно финансии за негов ангажман покрај потписите на Џејдон Санчо и Кристијано Роналдо, а најновите информации од „Островот“ велат дека „граѓаните“ ќе ја донесат новата ѕвезда на англискиот фудбал на „Етихад“ како замена за Фернандињо.

Трансфермаркт го проценува Рајс на 70 милиони евра што воедно е и неговата најголема пазарна цена досега, но „чекичарите“ нема да дозволат негово заминување за помалку од 100 милиони евра. 22-годишникот не е презадоволен во источен Лондон, но неговиот договор е со важност до јули 2024 година па збор ќе има и Вест Хем.

Се вчитува...