Инцидент во Гдањск: Поради дивеење на публиката Лехија и Академија Пандев го напуштија теренот (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу полска Лехија и Академија Пандев кој се игра во Гдањск е прекинат во шестата минута поради меѓусебна тепачка на навивачите на домашниот тим.

Имено, позади голот на нашиот тим настана вистински хаос. Иако домашните играчи пробуваа да ги смират навивачите, тоа не им успеа па главниот судија одлучи да ги повлече фудбалерите на двата тима во соблекувалната.

Видеото од инцидентот можете да го погледнете на следниот линк.

 

Се вчитува...