Инуи: Не требаше вака да заврши мундијалскиот сон

Јапонија беше на прагот на историски резултат на светските првенства, пласман во четвртфиналето на Мундијалот во Русија, но на крајот го заврши во солзи мечот против Белгија. Јапонците водеа со 0-2, но дозволија за само половина час Белгија да постигне три гола и да се пласира во четвртфиналето. Третиот погодок на Насер Чадли, Јапонија буквално го прими во последните мигови од судиското продолжение, и тоа по противнапад, откако имаше корнер на спротивната страна на теренот.

Стрелецот на вториот гол за Јапонците, Такаши Инуи, ја открива разочараноста во националниот тим по овој пораз.

„Не требаше вака да заврши нашиот мундијалски сон. Се трудевме многу, имавме водство од 2-0…Но, потоа како да ја разбудивме Белгија, му дозволивме на ривалот да се размавне и тоа ни се одмазди. Тешко е, навистина е многу тешко да се прифати еден ваков пораз“, изјави Такаши Инуи.

Се вчитува...