На едно коло пред крајот на Премиерлигата, Евртон успеа да се избори за место во „елитата“ на англискиот фудбал и следната сезона по неверојатен пресврт од 0-2 до 3-2 против Кристал Палас. Со тоа „карамелите“ ќе ја продолжат серијата на 69 последователни сезони во највисокиот ранг на „Островот“ и воедно трката зад рекордерот Арсенал.
Навивачите знаеја како да ја прослават големата победа на својот тим, а по „малата инвазија“ на теренот по голот на Калврт-Луин во 85. минута, со последната свирка на судијата следеше и големо славје заедно со играчите.
Истото можете да го погледнете ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА