Инзаги ги изнафали Гвардиола и Сити пред финалето во ЛШ

Манчестер Сити или Интер? Кој ќе биде шампионот во Лигата на Шампионите за сезоната 2022/23 ќе дознаеме во сабота од 21 часот на натпреварот кој ќе биде одигран во Истанбул, Турција.

А, пред големото финале на најсилното фудбалско натпреварување пофални зборови за противникот имаше тренерот на Интер, Симоне Инзаги.

„Ова е најважниот момент од мојата кариера. Ни се враќа целиот труд кој го вложивме во текот на целата година. Не чека пол стадион со многу турски навивачи кои ќе бидат поделени помеѓу Чалханоглу и Гундоган. Не сум добар со проценти и одредување на фаворит, но ќе се сретнеме со најсилниот тим на светот кој ја освои Премиерлигата пет пати во последните шест години, а тоа е најконкурентната лига на светот.

Ако сакаме да победиме мора да одиграме неверојатно добро како екипа бидејќи пред себе ќе ги имаме најдобрите противници на чело со неверојатно добар тренер кој го одбележа модерниот фудбал. Отсекогаш сум велел дека за мене тој е најдобар тренер на светот. Двете екипи ќе имаат добри играчи кои можат да направат разлика. Тие оваа година освоија два трофеи, а и ние можеме да стигнеме до вториот“, вели Инзаги.

Се вчитува...