Манчестер сити и Интер вечерва од 21 часот во Истанбул го играат фудбалскиот натпревар на годината, финалето од Лигата на шампионите.
„Граѓаните“ на мечот влегуваат со фаворитската улога, но Интер и тоа како има свои адути кои ќе сака да ги искористи за да дојде до трофејот.
А, судејќи според најавите од италијанските медиуми, Симоне Инзаги по последниот тренинг конечно одлучи околу составот со кој ќе го стартува финалето. Па, во офанзивата од првата минута се очекува да биде Един Џеко заедно со Лаутаро Мартинез, додека на клупата ќе остане Ромел Лукаку.
Па, составот за вечершаното финале на „нераѕурите“ би требало да изгледа: Онана, Дармијан, Ачерби, Бастони, Дамфрис, Димарко, Барела, Брозовиќ, Чалханоглу, Лаутаро и Џеко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА