Инзаги: Манчестер сити е најдобриот тим во светот

Фудбалерите на Манчестер сити и Интер утре во Истанбул ќе го одиграат финалниот натпревар од годинашната сезона во Лигата на шампионите.

Тренерот на „нероаѕурите“ Симоне Инзаги вели дека „граѓаните“ во моментов се најдобриот тим во светот, а неговите играчи ќе имаат тешка задача.

„Знаеме каков натпревар не очекува, знаеме дека Манчестер Сити е врвен тим. Тие се најдобриот тим во светот во моментов. Тоа го докажуваат дури и кога не победуваат. Горди сме што сме на оваа сцена и ќе дадеме с од себе. Ќе играме со максимална концентрација и ќе мора да ги сведеме грешките на минимум. Ова е наш 57. натпревар сезонава. Беше долга сезона, имавме подеми и падови, но научивме од поразите и растевме. Нашите напори и ангажман не доведоа до овој момент“, изјави Инзаги.

Натпреварот кој ќе се игра на „Ататурк олимпискиот стадион“ во Истанбул е закажан за утре со почеток во 21 часот.

Се вчитува...