Инзаги по поразот од Сасуоло: Ако го сакаме Скудетото, не треба повеќе да играме на овој начин

Симоне Инзаги беше видно разочаран и лут по поразот на Интер од Сасуоло, па по натпреварот не го криеше својот бес кон неговиот тим и пристапот кон мечот.

Интер беше шокиран од Сасуоло на домашен терен, „нероазурите“ загубија со 2-0, па трката за Скудетото сега е крајно неизвесна.

„Многу сум лут поради пристапот кон натпреварот, бидејќи имавме три дена од мечот во средата, зборувавме за фактот дека Сасуоло ги победи Јувентус и Милан во гости, тие играат одличен фудбал и моравме да бидеме внимателни. Во второто полувреме се обидуваме со се, креиравме толку многу шанси, но немавме среќа, сепак фактот останува дека требаше да влеземе со поинаков став во секој следен меч. Сасуоло има одлични технички квалитети, тие беа и посвежи физички и тоа го покажаа. Ќе ја анализираме ситуацијата, знаеме дека имаме уште 13 мечеви до крајот. Факт е дека тим кој сака да го освои Скудетото, не може да има приод каков што ние имавме на овој меч“, изјави Инзаги.

Се вчитува...