Инзаги за лошата серија на Интер: Тимот е во психолошки пад, и натаму лечиме рани од поразот од Милан

Интер 403 минути нема постигнато гол во сите натпреварувања, а ова го коментираше тренерот Симоне Инзаги после разочарувачките 0:0 против Милан во 1/2 финалето од Купот.

„Разбирам дека кога нема да се дадат гол на четири меча звучи сензационално, но работиме на тоа. Имаме добри напаѓачи. Игравме одлично во ноември, декември и јануари и мислам дека очекувано паднавме во психолошка дупка. И натаму ги лечиме раните од поразот од дербито со Милан. А, тогаш се беше добро до 75. минута“, изјави Инзаги.

Последниот гол Интер го постигна на дербито против Наполи кога одигра 1-1. Потоа не успеа да ја затресе мрежата на Ливерпул, па на Сасуоло, и одигра 0-0 со Џенова и со Милан.

Се вчитува...