Иран планира да поднесе жалба до ФИФА поради ограничувањата за патување со кои се соочува нејзината репрезентација во САД на Светското првенство.
Поради неизвесноста околу визите и конфликтот со САД, иранската репрезентација патува од својата база во Мексико, ко-домаќин на турнирот, за своите три натпревари од групната фаза во САД. Американските власти бараат од нив да влезат на територијата на САД во рок од 24 часа пред натпреварот и да заминат истиот ден, што го натера селекторот на репрезентацијата, Амир Галеноеи, да каже дека Иран е „најугнетуваната“ репрезентација на турнирот.
„Иранската фудбалска федерација смета дека овие ограничувања се во спротивност со принципите за обезбедување еднакви услови за националните тимови учеснички и дека можат да влијаат на нивната техничка подготовка. Според планот на тренерскиот штаб, репрезентацијата требаше да патува до градот домаќин два дена пред секој натпревар за да постигне оптимална техничка и физичка кондиција, а потоа да се врати во својата база денот по натпреварот“, соопшти асоцијацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
