Иран „плати“ за поразот на САД од Франција

Иран го плати данокот на поразот на Соединетите Американски Држави од Франција. „Дрим-тимот“ ја доби азиската репрезентација со убедливи 120-66 и стигна до првата победа на олимпискиот турнир во Токио.

Уште од самиот старт Американците почнаа силно и веќе на полувреме имаа предност од 60-30. До крајот продолжиа да го полнат кошот на Иранците за конечните 120-66. Демјен Лилард беше прво име на мечот со 21 поен, додека кај Иран најефикасен беше Хадади со 15 поени.

Во првиот натпревар од денешната понуда Германија спречи сензација откако во финишот успеа да го урне отпорот на Нигерија и да ја добие со 99-92.

Се вчитува...