Иран во 96. минута остана без СП, виновници за тоа Австријците (ВИДЕО)

Фудбалерите на Алжир ремизираа со Австрија 3-3, и со тоа двата тима обезбедија пласман во нокаут фазата на Светското првенство.

Еден од највозбудливите натпревари на Светското првенство 2026 досега се одигра во Канзас Сити. По еден бод беше доволен за двете селекции да поминат, но малкумина очекуваа ваков спектакуларен исход.

По мирниот почеток, Австрија поведе во 22. минута благодарение на одличната акција на двајца од најискусните играчи. Давид Алаба испрати совршена длабока топка од својата половина од теренот до Марко Арнаутовиќ, кој рутински го совлада Осама Бенбот за 1-0.

Алжир брзо одговори и сериозно се закани неколку пати. Рафик Белгали прв беше непрецизен, додека Фарес Шаиби ја погоди стативата. Сепак, токму Белгали го постигна еден од најубавите голови на турнирот на крајот од првото полувреме. По одличен соло пробив, тој помина покрај двајца бекови и со моќен удар под пречката го израмни резултатот на 1-1.

Австријците повторно поведоа на почетокот од второто полувреме. Конрад Лајмер се проби по десната страна и совршено го ангажираше Марсел Сабицер, кој ја врати предноста на својот тим со силен удар од работ на шеснаесетникот.

Сепак, одговорот на Алжир дојде речиси веднаш. Хусем Ауар ги извади од игра дефанзивците со одличен дриблинг и го најде Ријад Марез сосема сам, на кого не му беше тешко да постигне гол за 2-2.

Како што се приближуваше крајот на натпреварот, се чинеше дека двата тима се задоволни од нерешениот резултат, но следеше неверојатна завршница.

Во третата минута од судиското продолжение, Марез донесе целосен пресврт за Алжир со својот втор гол во натпреварот, и се чинеше дека Австријците ќе останат без пласман во нокаут фазата.

Сепак, во последниот напад на натпреварот, имаше одговор. По центаршутот, Саша Калајџиќ скокна највисоко во шеснаесетникот и ја затресе мрежата со глава за конечни 3:3, предизвикувајќи голема прослава кај австриските навивачи.

Рамито на крајот им одговараше на двајцата. За прв пат од Светското првенство во 1954 година, Австрија успеа да ја помине групната фаза на Светското првенство, додека Алжир, како една од најдобрите третопласирани селекции, исто така избори место меѓу 32-те најдобри репрезентации.

Algeria 3-[3] Austria – Saša Kalajdžić 90' +6
byu/977x insoccer

Се вчитува...