Иранската шахистка Сара Кадем на Светското првенство во брз шах во казахстанскиот град Алмати играше без хиџаб. Медиумите од Иран објавија слики на Сара без марама, која е задолжителна за жените според строгиот кодекс на облекување во Иран.
Така Кадем стана уште еден ирански спортист кој се појави во конкуренција без хиџаб од почетокот на антивладините протести. Сара е на 804. место на светската листа на Меѓународната шаховска федерација.
Во Иран имаше неколку големи демонстрации од средината на септември, откако 22-годишната Махша Амини почина во притвор на полицијата за морал, која ја уапси поради „несоодветно облекување“.
Во октомври, иранската алпинистка Елназ Рекаби се натпреваруваше во Јужна Кореја без марама, а подоцна изјави дека тоа го направила ненамерно. Во ноември, иранската стрелачка Елназ Рекаби рече дека не забележала дека паднал хиџабот за време на церемонијата на доделување награди во Техеран, откако се појави видео на кое се гледа како ја фрла шамијата во знак на поддршка на демонстрантите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА