Еден од најдобрите фудбалер на Иран, Сардар Азмун одлучи да ја заврши репрезентативната кариера на само 23 години поради бројните критики од јавноста и навивачите.
Фудбалерот на Рубин Казањ беше прв стрелец на националниот тим во квалификациите, но на Мундијалот во Русија не беше во вистинската форма па доби серија критики во својата земја иако Иран пружи сериозен отпор на Португалија (1-1), Шпанија (0-1), а го победи Мароко (1-0).
„Играњето за репрезентацијата ми беше огромна чест, горд сум на своите последни денови во тимот. За жал, мора да ја донесам една од најболните одлуки во животот. Ја одбирам својата мајка“ – напиша Азмун на социјалните мрежи, кого во татковината го нарекуваат „иранскиот Меси“.
Како што пренесуваат иранските медиуми, Азмун на ваков чекор се одлучил поради неговата мајка која боледува од тешка болест, а состојбата и се влошила значително откако ги видела во јавноста навредите на сметка на нејзинот син, стрелец на 23 гола во 36 настапи за Иран.
Иран на Мундијалот 2018 заврши на третото место во групата Б, со само бод помалку од Шпанија и Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА