Ирвинг и Дурент комбинираа 78 поени, но Бруклин загуби убедливо од Мемфис

Мемфис стигна до 50. победа во НБА лигата откако изминатата вечер славеше над Бруклин со 132-120. Тандемот Ирвинг-Дурент постигна повеќе од половина поени за својот тим, но истото не беше доволно за „црно-белите“ за забележат победа.

Ирвинг мечот го заврши со 43 поени и 8 асистенции, додека Дурент со 35 поени, 11 скока и 8 асистенции, меѓутоа домаќините беа оние кои покажаа тимска игра. Седум играчи на Мемфис постигнаа двоцифрен број на поени од кои најрасположени беа Бејн и Мелтон со по 23.

Домашниот терен го одбрани и Далас кој славеше со 110-91 над Хјустон без Лука Дончиќ. Во отсуство на Словенецот прво име кај домаќините беше Брансон со 28 поени, додека него го следеше Данвиди со 26 поени и 6 асистенции. Кај Хјустон Турчинот Шенгун оствари дабл-дабл од 14 поени и 11 скока.

Се вчитува...