Ирвинг во дебито за Далас донесе триумф, Демијан Лилард сам го победи Голден стејт (ВИДЕО)

Кајри Ирвинг во првиот свој натпревар за Далас го водеше тимот до гостинска победа против ЛА Клиперс од 104-110. Осумкратниот Ол-стар играч и шампион со Кливленд од 2016 година беше прво име на Далас во синоќешниот натпревар кој мечот во Лос Анѓелес го одигра без својата прва ѕвезда, Лука Дончиќ.

Ирвинг одигра 37 минути искористувајќи ги за 24 поени, четири скока и пет асистенции. Најдобри покрај него беа Тим Хардавеј со 19 поени и Реџи Булок со 18 поени, од кои дури 15 ги постигна во првата четвртина. Норман Пауел со 24 поени и седум скока беше најдобар кај Клиперс.

Убедлив пораз запиша Детроит од Кливленд со 113-85. Кливленд беше предводен од Џерет Ален со 20 поени и 16 скока.

Младиот босанскиот кошаркар Лука Гарза, пак, продолжува со феноменалниот игри во НБА лигата. Минесота триумфираше на гости против Јута со 118-143 со одлична партија на Гарза кој максимално ја искористи добиената минутажа. За само 23 минути игра запиша 25 поени, со 9 погодени шута од 13 обиди од игра, а дополнето со три скока и три асистенции.

Бостон беше подобар од Филаделфија со 106-99 за четвртата победа во последните пет натпревари, а предводен од Дерик Вајт со 19 поени и Малком Брогдон со 19.

Портланд, пак, пред своите навивачи го победи Голден Стејт со 125-122. Демијан Лилард одигра фантастичен натпревар запишувајќи „трипл-дабл“ од 33 постигнати поени, 11 асистенции и 10 скока.

Се вчитува...